Откријте ја нашата нова Smart TV апликација и уживајте во стримање!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ

Hови Viaplay серии

KV


Напнатост, интриги и скриени мотиви


Скандинавските серии ги воодушевуваат гледачите ширум светот со своето исклучително доловување на мрачната атмосфера, слоевитите ликови и приказните кои балансираат помеѓу криминалистичките истраги, општествено чувствителните теми и потресните човечки судбини. Тие се повеќе од телевизиска забава, а преку длабоко промислените дејствија и впечатливата сценографија станаа синоним за стандард во меѓународната продукција.

Овој февруари, Pickbox NOW ќе го задоволи апетитот на љубителите на скандинавски серии со пет нови наслови, затоа подгответе се за маратонско гледање затоа што кога еднаш ќе почнете – нема да можете да застанете.

Дознајте кои наслови на Pickbox NOW наскоро ќе ве задржат пред екраните!


1. Пари (Dough)

„Пари“ е шведска криминалистичка драма која ги комбинира елементите на трилер, црна комедија и социјална драма. Дејствието на серијата ја следи Малу, жена од високите кругови на општеството, која живее во едно отмено предградие на Стокхолм. Откако нејзиниот живот почнува да се руши поради финансиски проблеми и деловни неуспеси, таа случајно наоѓа торба со 47 милиони шведски круни – пари кои исчезнале при еден грабеж на банка. Наместо да ги пријави во полиција, Малу одлучува да ги задржи парите и да ги користи за започнување сопствен бизнис – отворање пекара. Меѓутоа, криминалците што ја ограбиле банката си ги сакаат парите назад – а една од нив е Лијана, самохрана мајка чиј партнер завршил во затвор поради грабеж. Нејзе очајнички ѝ требаат тие пари за да обезбеди подобра иднина за себе и својот син. Кога сфаќа дека Малу ги има парите, нивните патишта се спојуваат во напнатата игра на лаги и преживување. Главните улоги ги играат Хелена аф Сандберг во улогата на Малу и Бјанка Кронлоф во улогата на Лијана.






2. Муниција (Ammo)

Бјорн Урдал е поранешен бизнисмен со криза на идентитетот кој добива ненадејна можност да стане клучен продажен агент во една норвешка компанија за производство на оружје. Додека влегува во светот на воените договори, геополотичките интриги и моралните дилеми, тој набргу сфаќа дека зад профитот стојат мрачни тајни и етички компромиси. Како што тенологијата за вештачка интелигенција сѐ повеќе се интегрира во современото вооружување, Бјорн се соочува со прашањата за границите на човечката одговорност и семејните односи и притисоците на моќните интереси, па мора да одлучи дали ќе стане дел од системот или ќе се обиде да го руши однатре. Серијата се занимава со теми како што се технологиите за оружје, можните „роботи-убијци“ и улогата на Норвешка како извозник на оружје, давајќи им на гледачите материјал за размислување за современите морални прашања. Серијата ја создадоа Оле Мариус Араидсен и Николај Клев Брох, кој исто така го толкува главниот лик, Бјорн Урдал.






3. Бел песок (White Sands)

„Бел песок“ е данска криминалистичка серија која ги комбинира елементите на трилер, драма и мистерија и се одвива во едно идилично, но таинствено приморско гратче по име Хвиде Санде. По нерешеното убиство на младиот германски сруфер во малата туристичка заедница, локалната полиција нема доволно докази, ниту траги за да го реши случајот. За да дојдат до информации, данските власти испраќаат двајца искусни полициски детективи – Хелене Фалк, експертка за тајни операции, и Томас Бекман, искусен истражител на убиства. Тие двајцата мораат да се инфилтрираат во локалната заедница под маска на среќен брачен пар кој го напушптил големиот град во потрага по мирен живот на брегот. Меѓутоа, тоа што отпрво изгледа како едноставна задача, брзо се претвора во сложена истрага затоа што жителите на Хвиде Санде немаат доверба во странци, а злосторството крие повеќе тајни од тие што биле првично видливи.







4. Заложници (Hostage)

Се работи за шведска трилер-серија која го следи киднапирањето на летот на „Нордик Ерлајнс“ од Стокхолм кон Сан Франциско. Авионот е киднапиран со далечински управувач, а кризата набрзу прераснува во меѓународен инцидент кога киднаперите ги изнесуваат своите барања – бараат ослободување на еден затворен либански професор и објава на доверливи документи кои можат да ѝ наштетат на владата. Шведските власти се соочуваат со невозможни одлуки, додека криминологот Фредерика Бергман и детективот Алекс Рехт повторно се здружуваат за да ги идентификуваат киднаперите пред авионот да биде соборен или уништен. Во текот на истрагата, Фредерика почнува да се сомнева дека вистината е поблиску отколку што изгледа. Серијата ги истражува темите за моќта, корупцијата и кибернетските закани, носејќи возбудлива приказна за преживувањето, моралните дилеми и тајните кои излегуваат на виделина во миговите на криза.







5. Купола 16 (Dome 16)

Дејствието на серијата се одвива во дистописката 2138 година каде што светот е поделен помеѓу тие што живеат во високотехнолошки куполи и тие што се препуштени на суровите услови надвор од нив. Куполите обезбедуваат заштита од екстремното загадување и радијацијата, овозможувајќи им на жителите животен век до 160 години, додека луѓето надвор од куполите живеат во тешки услови, со очекуван животен век од само 60 години. Главниот протагонист, 16-годишниот Антон, пораснал во куполата и ужива во привилегиран живот, но почнува да го преиспитува затворениот свет околу себе. Неговата врсничка Ема живее надвор од куполата, снаоѓајќи се во суровите услови. Тие двајцата неочекувано се среќаваат и се развива забранета љубов која ги присилува да ги преиспитаат правилата на општеството во кое живеат. Серијата ги истражува темите на општествените поделби, еколошките катастрофи и младешката бунтовност, носејќи современо толкување на приказната за Ромео и Јулија во футуристичка средина.







А денес? Еве што ве очекува денес на Pickbox NOW:

БЕЗ ЧЕКАЊЕ И БЕЗ РЕКЛАМИ

Produced by some of the world's biggest studios such as all3media, BBC, Fremantle, ITV, Lionsgate, StudioCanal, Mediapro, Viaplay, and others.

КВАЛИТЕТНИ СЕРИИ И ФИЛМОВИ

Продукцијата на некои од најголемите светски студија како што се all3media, BBC, Fremantle, ITV, Lionsgate, StudioCanal, Mediapro, Viaplay,..

СЕРИИ НА РАЗНИ ЈАЗИЦИ

Американски, британски, шпански, скандинавски и многу други европски серии со преводи на македонски.

Вчитување...