Грета
Greta
Грета е бистра, убава и своеглава седумнаесетгодишна девојка чиј сарказам недоволно ги прикрива нејзините емоционални проблеми. Нејзината незаинтересирана мајка ја испраќа кај баба ѝ и дедо ѝ каде што ќе го помине летото, што воопшто не ѝ се допаѓа на Грета. Од самиот почеток на своите баба и дедо им дава на знаење дека планира да се убие пред крајот на летото и собира белешки за различните методи. Но за малку избегнатата катастрофа ја буди Грета и ѝ покажува колку таа влијае врз животите на луѓето околу неа. Со тек на времето се зближува со баба си и дедо си, што заедно со првата летна романса ѝ помага да се отвори и да прерасне во харизматична млада жена полна со потенцијал кој цело време се наоѓал под површината.
Режисери: Nancy Bardawil
Актери: Hilary Duff , Evan Ross , Michael Murphy