Готвење со љубов
Cooking with Love
Кели е продуцентка на детски емисии за готвење. Заедно со својата менторка Аманда, на емисијата работи од самиот почеток и многу е приврзана за неа. Кога Аманда најавува дека си заминува од емисијата, Кели е решена да ја преземе нејзината позиција, но таа е премногу срамежлива за да се наметне. Откако главниот готвач во емисијата доживува незгода, според препораката од Кели, го вработуваат младиот готвач Стивен. Стивен се грижи само за храната и за сопственото реноме и на почетокот воопшто не му е гајле за децата, што доведува до кавга помеѓу него и Кели. Со тек на време, Кели и Стивен се зближуваат и почнуваат да учат еден од друг. Стивен учи да се опушта, а Кели учи да се бори за себе, па заедно откриваат дека животот е уште посладок ако е зачинет со љубов.
Режисери: Jem Garrard
Актери: Ali Liebert , Brett Dalton , Janet Kidder