Најдобро оценетите серии на ИМДБ само на Pickbox NOW
Како најголема и најдоверлива база за филмови, серии и телевизиски емисии во светот, ИМДБ е токму онаа страница што ја посетуваме кога сакаме да провериме дали некој филм или серија вреди за нашето скапоцено време или не.
Високата оценка на ИМДБ едноставно го гарантира високиот квалитет на содржината на која ѝ е доделена, а токму таква содржина ќе најдете на стриминг сервисот Pickbox NOW, кој посебно за вас подготви неколку одлични наслови вредни за непрекинато гледање!
Млади, ненаситни и не премногу скрупулозни или симпатични, Адам (Симон Џ. Бергер), Хенрик (Тобијас Сантелман), Вилијам (Пал Свере Хаген) и Јепе (Јон Оигарден) се четворица пријатели непоправливо зависни од секс, дрога и, повеќе од сè друго, пари.
Но под тенкиот слој на гламурозна глазура што го обвива навидум магичниот свет на премногу богатите, се крие море од лаги, желби за одмазда и, што е најлошо, една неопислива егзистенцијална празнина којашто ниту најубавиот шампањ, ниту попатните љубовни афери, ниту огромната општествена моќ никако не може да ја исполни.
Брилијантно режирана и одглумена, а и заснована врз вистински настани, норвешката драмска серија Излез (Exit) е фасцинантно аудиовизуелно задоволство коешто би било навистина штета да се пропушти!
Поаро (Agatha Christie's Poirot)
Можеби е малечок и, за волја на вистината, донекаде заоблен, а исто така тука се и малку комичниот акцент и неизбежните мустаќи на кои е исклучително горд, но би направиле фатална грешка ако дозволите неговиот необичен изглед или манири да ве измамат бидејќи неговите мали сиви ќелии се во состојба да навлезат до самата срж дури и на најзаплетканите случаи.
Тој е, се разбира, Херкул Поаро, и иако несомнено е извонреден сам по себе, тој е уште поизвонреден кога го толкува харизматичниот Дејвид Сашет, кој во свеста на многу гледачи едноставно срасна со ликот на познатиот белгиски детектив.
Парадоксално напната колку и релаксирачка, класичната детективска серија Поаро (Agatha Christie's Poirot) со гордост го носи своето британско „педигре“ и претставува една од оние ретки серии на кои повторно им се враќаме со радост!
Наопаку (Upright)
Животот на Лаки (Тим Минчин), иронично, е сè само не среќен - неговата музичка кариера неславно пропадна, можеби е неповратно отуѓен од семејството, а и неговиот паричник видел подобри денови. Сепак, на неговите маки тука сè уште не им е крајот. Имено, патувајќи со својот дотраен автомобил од Сиднеј до Перт за да ја види уште еднаш мајка му која е на умирање, во најдобрите манири на вечен губитник, Лаки ќе успее да предизвика и мала сообраќајна несреќа.
Поточно, ќе успее да се забие во камион и притоа лесно да ја повреди енергичната, смела и недоверлива тинејџерка Мег (Мили Алкок), која го украла камионот за да се побегне што подалеку од својот татко алкохоличар. И токму во тој момент, длабоко во канџите на опасната австралиска дивина, ќе почне да се раѓа едно неочекувано пријателство кое може да промени сè...
Истовремено и топла и разиграна, а и великодушно прошарана со урнебесни дијалози, фалената австралиска хумористично-драмска серија Наопаку (Upright) е серија која тешко може да биде доволно препорачана!