Откријте ја нашата нова Smart TV апликација и уживајте во стримање!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ


НАПНАТИ

Годината зад нас донесе комбинација од најлудите трилери и криминалистички серии. Овие серии ќе ве држат на работ на неизвесноста и ќе ве натераат да се запрашате: "Што ќе се случи следната година?"

ЗАБАВНИ

Од мини-серии до бисери во повеќе сезони, времето ни поминуваше побрзо со насловите кои се гледаат во еден здив. Откријте нови светови, заплети и расплети.

НЕЗАМЕНЛИВИ

Сериите што донесоа поинакви, пооткачени и сосема свежи погледи на класичните криминалистички формати, приказни за тинејџерската популација, скандинавски ноар... Ова се серии кои дефинитивно не се за секого.

Со влегувањето во новата 2025 година, се посетуваме на сето она што ја одбележа минатата година. Во оваа категорија спаѓаат и насловите кои посебно нè воодушевија во изминатите месеци, кои обожававме да ги гледаме и кои високо котираат на топ-листите како најдобро оценети. Кога зборуваме за категоријата топ-серии во 2024 година, Pickbox NOW од својата понуда може да издвои завиден број наслови кои го зазедоа своето место меѓу најдобрите според рецензиите на публиката и на критичарите од најпознатите светски портали.

Во продолжение ви носиме 10 наслови од разновидната жанровска палета, меѓу кои секој љубител на квалитетни серии ќе најде нешто ново за себе.


1. Шетланд (Shetland)
⭐ IMDb 8.3/10


Девет сезони на една од најдобрите британски детективски серии инспирирани од романите на Ен Кливс. Криминалистичката драма го следи легендарниот Џими Перез, но и други интригантни инспектори подготвени „да влезат во неговите чевли“ во решавањето на застрашувачките мистерии на Шетланд, остров преполн со тешки меѓучовечки односи и уште потешки злосторства. Го отсликува реалниот живот таков каков што е, со автентичниот шкотски пејзаж, дијалект, неочекуваните расплети на ситуации, а како што многумина знаат да нагласат: глумата во серијата е одлична. Самата серија собра бројни номинации за наградата БАФТА во различни категории, како и победи.



"A compelling crime drama set against the stunning backdrop of Scotland's Shetland Islands.", The Guardian


2. Лудвиг (Ludwig)
⭐ IMDb 8.1/10


Животот на енигматичарот Џон Лудвиг Тејлор се превртува наопаку кога неговиот брат близнак, инспекторот Џејмс Тејлор, исчезнува. Џон неволно го презема неговиот идентитет за да му влезе во трага, но се разбира, ништо не може да биде толку едноставно. Се работи за апсолутен скапоцен камен кој мајсторски ја спојува интригата со шармот на комедијата. Сценариото е остро и паметно, а ги плени гледачите со своите комплексни заплети и духовити дијалози. Секоја епизода е загатка сама по себе со пресврти што ве тераат да ја гледате серијата до самиот крај. Одличната актерска екипа (особено Ана Максвел Мартин) ја прави серијата уште попријатна за гледање, без разлика дали барате криминалистичка драма или забава.


"David Mitchell's cosy cryptic crime series is a comedy triumph.", The Telegraph


3. Перни (Pørni)
⭐ IMDb 8.1/10


Се работи за една од најдобрите серии на „Вијаплеј“ во која самохраната мајка Перниле, позната и како Порни, се грижи за своите две деца, внукот и татко ѝ кој минува низ бунтовна фаза. Покрај сето тоа, таа работи во социјална заштита за деца и ѝ се допаѓа окружниот адвокат Бјорнар. Оваа норвешка хит-драма зборува за сите дилеми во кои ќе се најде човек кога сака да ја направи вистинската работа: прво за своите најблиски, а потоа за себе. Приказната е многу добра и лесно е да се поистоветите со неа, ликовите имаат длабочина, дејството не е површно, а ситуациите се реални и исти низ кои поминуваат и самите гледачи. На навистина одличен начин, серијата претставува портрет на модерното норвешко семејство кое поминува низ среќата, тагата и целиот спектар на емоции преку кои и ние зачекоруваме во реалните односи меѓу луѓето. Глумата е врвна, со одлична хемија помеѓу актерите, со акцент на Хенриете Стинструп и Нилс Оле Оф.


"A raw and honest depiction of modern relationships, breaking traditional norms.", Deadline



4. Роднини (Kin)
⭐ IMDb 8.0/10


Криминалното семејство Кинсела од Даблин сè повеќе се судира со нарко-картелот на Канингемови, а ситуацијата посебно ескалира кога вжештениот син на Френк Кинсела влегува во насилен конфликт со еден од луѓето на Имон. Серијата е многу интензивна, решителна, модерна и паметно напишана и на многу добар и вистински начин ги прикажува криминалните семејства од Даблин. Квалитетот на камерата и продукцијата се врвни, а мрачната атмосфера создава напнатост. Најголемиот плус на серијата веројатно се неговата реалистичност и уверливост, каде што влоговите изгледаат реални, семејната динамика и карактерните недостатоци се убедливи, а смртта има последици. Серијата освои 14 номинации и 9 победи на ИФТА и секако има причина да се најде на списокот на топ-серии во 2024 година.



"A gripping family drama that delves deep into the underbelly of organized crime.", The Hollywood Reporter


5. Апсолутно сосема во ред (Totally Completely Fine)
⭐ IMDb 7.2/10


Серија која на исклучителен и искрен начин прикажува емоционално вознемирувачки ситуации. Приказната ја следи автодеструктивната Вивиен која открива дека имотот на гребенот што го наследила од дедо ѝ всушност е место на многу самоубиства, поради што таа ја наследува и задачата да стане негова чуварка и да ги спасува изгубените души на работ. Промислена, силна тематика која ги прикажува семејството и пријателите со сите нивни несовршености на нивното патување да бидат сакани и да станат целосни. Дејството спротивставува напнати и комични елементи, актерската екипа е одлична, а сите ликови на некој начин се скршени и изгубени. Сепак, до крајот секој од нив го прави својот целосен круг.



"A poignant series that brings to life a profound tale of family, belonging, and grief.", Variety


6. Роња, ќерката на ограбувачот (Ronja, the Robber's Daughter)
⭐ IMDb 6.4/10


Од авторката на легендарната „Пипи Долгиот Чорап“ доаѓа приказната за едно љубопитно девојче родено во банда разбојници во средновековна Скандинавија. Како што расте, Роња го истражува светот околу себе, полн со магија, опасност, но и необични суштества. На нејзините талкања во нордиските шуми, таа го запознава момчето Бирк, чиј татко е исто така водач на банда. Прекрасна адаптација со магичен приказ на околината, одлична музика и автентични ликови, а ако сте обожавател на оригиналниот филм од 1984 година, можеби новата верзија ќе ви биде уште подобра.



"A dark coming-of-age tale with a fantastical setting.", The Review Geek



7. Младиот инспектор Морз (Endeavour)
⭐ IMDb 8.6/10


Сместена во 60-тите и 70-тите години во Оксфорд, серијата ја следи раната кариера на Ендевор Морз. Работејќи заедно со својот постар партнер, истражителот Фред Турсдеј, Морз е вклучен во бројни истраги, а сите љубители на британската криминалистичка продукција ќе знаат дека се работи за еден вид “приквел“ на легендарната серија „Инспектор Морз“. Навистина не се работи само за уште еден непотребен додаток на омилениот лик, а голем дел од успехот на серијата може да му се припише на генијалниот избор на актерот Шон Еванс, кој го дава својот печат на оваа култна улога. Морз имаше единствен квалитет, различен од сите други, а екипата од Ендевор навистина успеа да ја долови таа ДНК и да ја оживее, поради што и овој наслов мораме да го вклучиме во топ-серии во 2024 година.



"A masterfully crafted prequel that honors the legacy of Inspector Morse.", The Telegraph



8. Јавен суд (Showtrial)
⭐ IMDb 7.4/10


Приказна која не можете да престанете да ја следите од првата до последната епизода. Не се работи само за уште една обична серија која прикажува приказни од судницата - таа детално го носи целиот процес до пресудата. Глумата е првокласна (особено Селин Бакенс), кадрите се одлични, а сценографијата е прекрасна. „Showtrial“ е многу внимателно испланирана, има добар ритам на дејството, а ликовите се мајсторски дизајнирани околу комплексноста на социјалните хиерархии. Дејството е многу забавно за следење со малку напната доза на мистерија.



"A riveting courtroom drama that keeps viewers on the edge of their seats.", The Independent



9. Фати ми убиец (Catch Me a Killer)
⭐ IMDb 7.2/10


Серијата се заснова на истоимената книга која ја раскажува вистинската приказна за Мики Писториус, поранешна новинарка која станала психолог, а потоа и првиот профилер на сериски убијци во Јужна Африка. Токму тој дел од светот има една од најлошите стапки на криминал и сексуално злоставување, па затоа гледачите сигурно нема да останат рамнодушни на сцените кои ги прикажува оваа серија со брилијантно сценарио, глума и кинематографија. Актерката Шарлот Хоуп неверојатно ја отелотворува главната актерка и жена која со помош на својата интелигенција и способност се сместува во умовите на убијците и која направи исклучителна работа портретирајќи некого кој навистина бил страстен вој својата работа.


"An intense true-crime series that delves into the mind of a notorious serial killer.", CrimeReads



10. Чест (Honour)
⭐ IMDb 7.1


Во време кога проституцијата се сели од улиците на паметните телефони, четири адвокатки, Карин, Јани, Нур и Елин, стануваат сензација, но се здобиваат и со негативна репутација меѓу мажите помагајќи им на жртвите на сексуални злосторства и зборувајќи против патријархатот. Меѓутоа, адвокатките имаат и свои тајни кои ја загрозуваат нивната иднината, но и иднината на компанијата, а ситуацијата станува уште позаплеткана кога новинарката со која соработувале на откривањето на потенцијален сексуален скандал ќе заврши убиена. Новите мистерии од епизода до епизода одржуваат завидно ниво на напнатост со драматични расплети.


"A harrowing portrayal of a detective's quest for justice in the face of cultural challenges.", The Guardian



Вчитување...