Најдобрите скандинавски крими серии кои ќе ве поттикнат на размислување
Во продолжение ви носиме пет сканди крими серии за љубителите на мрачната и мистична содржина
Во богатиот свет на жанрови, постојат широки можности за избор на оној кој најмногу им одговара на нашите афинитети. Љубителите на непредвидливи ликови, впечатлива атмосфера, големи социјални контрасти, длабоко вкоренети традиции и една мрачна нота што го обвива сето тоа, сигурно ќе се свртат кон европскиот север. Таму ќе ги најдат најдобрите скандинавски крими серии често окарактеризирани како многу пореалистични, поедноставни и попрецизни, со силна доза на мистерија и засилени со драматичните пејзажи на Скандинавија кои ѝ даваат совршена заднина на секоја криминална приказна.
Низ годините, скандинавската продукција си обезбеди култен статус, а гледачите не престануваат да ги сакаат нејзините повеќеслојни приказни, единствената естетика и меланхоличното темпо во кое се губат себеси во потрага по нешто различно. Pickbox NOW е идеалното место за најдобрите скандинавски крими серии со импресивен избор за сите љубители на жанрот.
Во време кога проституцијата се префрла од улица на паметните телефони, четирите адвокатки Карин, Јани, Нур и Елин стануваат сензација, но стекнуваат и негативна репутација од страна на мажите бидејќи им помагаат на жртвите на сексуални злосторства и зборуваат против патријархатот.
Меѓутоа, адвокатките имаат и свои тајни кои ја загрозуваат нивната иднината, но и иднината на компанијата, а ситуацијата станува уште покомпликувана кога ќе биде убиена новинарката со која соработувале при откривањето на потенцијален сексуален скандал. Новите мистерии од епизода во епизода одржуваат високо ниво на напнатост со драматични расплети кои посебно ќе ги обожаваат сите љубители на адвокатската тематика.
2. Бункер (The Bunker)
Во 2015 година, Изабел Ериксон беше дрогирана и киднапирана од лекарот Мартин Тренеборг на состанок и затворена во бункер што тој го градел со години. Сфаќајќи дека единствениот начин да побегне лежи во тоа да се прави дека сака да биде со него, Изабел се соочува со предизвици во кои Мартин постојано ја тестира нејзината лојалност.
Години подоцна, таа страда од ПТСН, но конечно одлучува да им се врати на тешките спомени за да може да продолжи со својот живот. Во триделната документарна серија, ја следиме Изабел, која при терапијата се сеќава на преживеаните ужаси, се соочува со стравовите и конечно се враќа во застрашувачкиот бункер. Мрачна психолошка игра којашто во секого ќе разбуди силни емоции.
3. Јохана Молер: Најомразената жена во Шведска (Johanna Möller - Sweden's most hated woman)
Најозлогласениот случај во Шведска повторно ги отвора своите страници кога Јохана Молер го прекинува молкот за кобната ноќ во која одлучила да изврши страшно злосторство. Имено, таа беше прогласена за виновна за убиство на татко ѝ и обид за убиство на мајка ѝ, а за првпат во серијата зборува за својата страна на приказната, како и за сето она што се случило таа ноќ полна со ужас.
Ќе нурнете длабоко во приказната за правдата, вистината и тенката граница помеѓу вината и невиноста, а со помош на експерти ќе можете сами да процените која е вистината зад една од најстрашните шведски убијци. Заедно со најдобрите скандинавски крими серии, оваа на одличен начин во центарот на вниманието го става правосудниот систем при одлучувањето кој е виновен, а кој не.
4. Се надеввам дека среќно стигна дома (Where Were You?)
Животот на 16-годишната Луиза целосно се превртува кога нејзината најдобра пријателка Моника е силувана од непознат сторител во нивното средно училиште. Иако Луиза е решена да го најде виновникот, случајот е многу компликуван, особено кога ќе почне да излегува дека потенцијално се работи за Таис, во кого таа е тајно вљубена.
Серијата на многу достапен начин го претставува трогателниот, но напнат портрет на времето кога пријателствата, сексот, општественото наследство и соништата за иднината значат сè. Гледачите можат да следат како злосторството влијае врз групата пријатели и нивното училиште, како гласините се шират како молња и нè потсетуваат дека не одлучуваме секогаш за себе.
5. Ида презема одговорност (Ida Takes Charge)
Ида се сели од безбедното опкружување во нејзиниот роден град во големиот Осло, каде што студира психологија. Иако се обидува да се прилагоди на новата средина, таа се плаши од непознатото, а најмногу од тероризмот.
Кога ќе го запознае Аксел, волк самотник кој ги повторува годините од средно училиште за да се запише на факултет и го поминува времето на мрачни веб-страници, Ида почнува да се сомнева во него и во тоа дека тој е потенцијалниот напаѓач. Таа се обидува да ги оттурне мрачните мисли, но колку повеќе дознава за него, стравот станува сè поголем. Таа постепено сфаќа дека мора да направи нешто драстично за да ја смири својата параноја, но колку далеку е подготвена да оди за да го спаси Аксел?