Откријте ја нашата нова Smart TV апликација и уживајте во стримање!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ

Најдобрите мини-серии кои можете да ги изгледате во еден ден


Не е никаква тајна тоа што сериите во последните десетина години со својата популарност далеку ги надминаа филмовите, како ни тоа дека посебно место меѓу нив заземаат мини сериите кои со своето траење се наоѓаат токму на „златната средина“ помеѓу класичните серии и филмовите.


Доколку и вие се вбројувате помеѓу нивните љубители, стриминг сервисот Pickbox NOW посебно за вас подготви 5 одлични мини серии кои ќе можете да ги изгледате во еден единствен ден!

1. Тајна (The Secret)

Заснована на вистински настан, британската драмска мини серија Тајна носи вознемирувачка приказна за извесен Колин Хауел (Џејмс Несбит).

На прв поглед Колин е сосема обичен граѓанин како и многу други – успешен забар, грижлив татко и верен сопруг. Меѓутоа, откако ќе ја запознае, а набрзо потоа и ќе започне афера со омажената учителка Хејзел (Женевјев О’Рајли), неговата мрачна страна полека ќе почне да излегува на површина проследена со смртоносни последици...







2. Бившата жена (The Ex-Wife)


Бракот на младата Таша (Селин Бакенс) и средовечниот Џек (Том Милсон) нивните соседи сигурно би го опишале како идиличен и до врв исполнет со љубов, но правата вистина наскоро ќе се покаже како сосема различна.

Таша, имено, неуморно е прогонувана од бившата сопруга на Џек, Џен (Џенет Монтгомери), која никако не може да се помири со новонастанатата ситуација, а што ќе претставува само една капка во разбрануваното море на проблеми во кои Таша наскоро ќе се најде...







3. Подобар пат (Better)


Откако што скоро ќе го загуби својот тешко болен син, корумпираната полициска инспекторка Лу Слек (Лејла Фарзад) неочекувано ќе се најде на морален крстопат на кој сепак ќе донесе правилна одлука.

Но носењето на правилна одлука по скоро дваесет години на системско донесување погрешни одлуки, ќе се покаже и повеќе од ризично зашто ненадејното будење на совеста на Лу никако нема да му одговара на моќниот и добро поврзаниот локален нарко-бос, но воедно и на нејзиниот најдобар пријател Кол (Ендру Бухан) кој, очекувано, ќе ја протолкува како првокласна закана...








4. Архитектка (The Architect)


Кога во не толку далечната иднина ќе се објави јавен конкурс за еден проект кој вклучува изградба на илјадници станови во Осло, на младата и претприемчива архитектка Џули (Ејли Харбо) ќе ѝ дојде необична идеја за преобразба на и онака неискористените подземни гаражи во станови.

Ова, секако, ќе биде многу полесно да се каже отколку да се направи, но Џули не е една од оние кои лесно се откажуваат од своите намери – дури ни по цена на кариерата или пријателството...








5. Карен Пири (Karen Pirie)


Бистра, шармантна и неконвенционална, како и повеќе отколку остра на јазик, Карен Пири (Лорен Лајл) е млада полициска наредничка пред која се простира блескава кариера – и покрај тоа што, како што наскоро ќе дознае, во Одделот за историски случаи на Шкотската полиција е унапредена само затоа што е – жена.

Непоколеблива во своето настојување да се докаже, Карен со сите сили ќе се фрли на разрешување на т.н. „студен случај“, односно бруталното убиство на една келнерка извршено во 1995 година во живописниот Ст. Ендрјус, и самата несвесно во кој правец конечно ќе ја одведе нејзината истрага...











Вчитување...