Откријте ја нашата нова Smart TV апликација и уживајте во стримање!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ


Серии настанати според бестселери кои секако мора да ги погледнете


Ако сте желни за квалитетни екранизации на омилените бестселери, богатата понуда на стриминг сервисот Pickbox NOW подготвено ќе ја задоволи вашата глад за гледање.


Иако читањето книги секако има свои незаменливи предности, во сè побрзиот свет во кој живееме понекогаш едноставно немаме доволно слободно време и енергија за оваа несомнено пријатна, но исто така и малку напорна активност.

Од друга страна, понекогаш сите тие интересни ликови и впечатливи глетки за кои толку многу сме читале, сепак сакаме да ги видиме оживотворени на нашите мали екрани, облечени во богати костими и сценографија, а притоа фино „зачинети“ со одлична глума на нашите омилени актери, како и да уживаме во исто така омилените фиктивни светови во пријатното друштво на семејството и пријателите.

Токму во такви моменти на помош подготвено пристигнува стриминг сервисот Pickbox NOW со навистина богата понуда на серии настанати по бестселерите како што се...


Шетланд


Создадена од перото на популарната шкотска писателка Ен Кливс, екранизирана од страна на BBC Scotland и сместена на визуелно прекрасните Шетландски Острови, повеќекратно наградуваната криминалистичка серија Шетланд (Shetland) ќе им се допадне на сите љубители на одлични крими серии. Одличната глума, длабоката драмска разработка и наративната слоевитост, како и единствениот сетинг се само некои од причините поради кои ќе уживате во згодите и незгодите на искусниот инспектор Перез (Даглас Хеншал) и неговата доверлива партнерка Мекинтош (Алисон О’Донел) соочени со вознемирувачки убиства, необјасниви исчезнувања и мрачни тајни од минатото скриени под тенкиот вел на привидната идила која ги краси пикторескните Шетландски Острови.






Инспектор Ребус


Инспектор Ребус (Rebus), екранизација на серијалот на шкотскиот мајстор на крими романи Ијан Ранкин, е уште една серија во којашто можат да уживаат баш сите, а особено љубителите на секогаш популарниот криминалистички жанр. Прилично ексцентричниот, но затоа исто така и прилично брилијантниот инспектор Ребус го играат прво Џон Хана, а потоа и Кен Стот. Напнатите криминалистички истраги исполнети со непредвидливи обрати, острите дијалози и скоро ноаровската атмосфера толку густа што практично може да се сече со нож, се одлични “состојки“ поради кои Инспектор Ребус ќе ве освои веќе во првите минути!






Сагата за семејството Долагангер

Иако во прашање е серијал на филмови, ова едноставно моравме да го вклучиме! Создадена врз основа на романите на американската писателка В. Ц. Ендрјус, Сагата за семејството Долагангер (The Dollanganger Series) вешто ги обединува готскиот, драмскиот и романтичниот жанр при тоа длабоко вовлекувајќи го гледачот во заводливиот, но и вознемирувачки свет на семејството Долагангер простирајќи ги пред него трагичните судбини на браќата и сестрите Кети, Крис, Кери и Кори чии животи ќе се променат од корен по ненадејната смрт на татко им.

Возбудлива, набиена со емоции, а и бизарна на најдобар можен начин, во својата суштина Сагата за семејството Долагангер претставува незаборавно искуство коешто ретко кого ќе го остави рамнодушен.







Поаро

Иако Поаро како еден од најславните фиктивни детективи на светот (со него во однос на популарноста единствено би можел да се мери Шерлок Холмс), во текот на годините го играле различни поголеми и помали актерски имиња – доволно е да се потсетиме на Питер Устинов, Орсон Велс, Алберт Фини, или, пак, на Џон Малкович како последен во низата – никој од нив не се „претопи“ толку со улогата како Дејвид Сашет кого практично ни е необично да го видиме без мустаќи. Тој го отелотвори култниот детектив во незаборавната и повеќекратно наградуваната серија на Би-Би-Си Поаро (Agatha Christie's Poirot). Серијата се вброи во една од најславните серии на британската продукција, а секоја епизода се заснова на различна приказна на Кристи со Поаро во главната улога. Во текот на години таа доби дури 20 номинации за престижната награда БАФТА.










Вчитување...