5 прекрасни сканди серии за станување возрасен кои ви ги препорачуваме
Тинејџерските серии прикажуваат многу специфичен период во животот и ги водат гледачите на патување во возрасната доба, што денес жанровски се дефинира како “coming of Age“ серии. Од секс, дроги, личен идентитет и ментално здравје, денешните серии стануваат сè подобри во признавање и решавање на табуата на младата возрасна личност. А она што е фасцинантно е тоа дека скандинавската продукција е многу единствена и автентична.
Pickbox NOW, во соработка со скандинавскиот стриминг сервис Viaplay ги носи фалените сканди серии на наш домашен терен во посебна Viaplay Select понуда. Затоа ви даваме преглед на топ 5 прекрасни сканди тинејџерски серии, кои дишат со драматичност и младешка екстраваганција, баш како и тинејџерската возраст.
Без оглед на тоа дали се направени да нè насмеат, да поттикнат разговор или да донесат чувство на одмор или забава, овие сканди серии се најдобрите серии за гледање и ги препорачуваме 1000 насто!
5. Се надеввам дека среќно стигна дома (Where Were You?) – Данска тинејџерска крими серија
Се надеввам дека среќно стигна дома (2022 - ) е сосема свежа и интригантна нова серија. Во фокусот на приказната е 16-годишната Луис чиј живот се превртува наопаку кога нејзината најдобра пријателка Моника во нивното средно школо ќе ја силува непознат напаѓач. Луис е одлучна да го најде силувачот, но работата се компликува кога излегува дека се работи за Таис во кого таа е тајно вљубена.
Серијата е трогателен и напнат портрет на денешното време во кое се спојуваат пријателствата, сексот, општественото наследство и соништата за иднината. Оваа данска серија на многу интересен начин прикажува како влијае злосторството врз група пријатели и нивното школо, како гласините се шират со брзина на молња, а и нè потсетува на фактот дека не одлучуваш секогаш кога ќе пораснеш.
На Себастијан, 23-годишен играч на видеоигри, родителите му поставуваат ултиматум: или ќе престане да игра и ќе оди на школо или да се исели. Себастијан одлучува, заедно со своите најдобри пријатели, да основа меѓународен “гејминг“ тим.
Оваа тинејџерска комедија од осум епизоди е урнебесна данска серија којашто ќе ве насмее до солзи. Себастијан има 23 години, живее дома и цело време го поминува играјќи ја популарната игра Кантер-страјк. Кога родителите конечно ќе го исфрлат, Себастијан мора за првпат да почне да заработува за живот – а што би можело да биде подобро од основање професионален тим за играње со неговите пријатели? За жал, наскоро ќе открие дека да се стане глобална суперѕвезда во хипер-комплексниот свет на е-спортот е сè само не игра... Е-спортот е кариера од соништата за милиони млади луѓе денес – и мистерија за скоро сите останати. Но, оваа серија ја надминува темата за “гејминг“ зашто раскажува универзална приказна за личните амбиции и потрагата по успех.
Оваа мрачна хумористична серија е заснована на истоимениот дебитантски роман на Кјерсти Халворсен. Во фокусот на приказната е Ида, млада жена која штотуку се преселила во Осло за да студира психологија.
Ида има опсесивен страв од тероризмот и постојано чувство дека катастрофата е пред врата. Кога ќе го запознае Аксел, Ида станува убедена дека тој е идниот напаѓач со огнено оружје, и дека таа има лична одговорност да ја сопре таа катастрофа. Во оваа единствена нордиска приказна темата е можеби мрачна, но тонот на серијата е светол. Истите одлики ги има и Ида, таа е наизменично болна, смешна, и над сè позната.
Фалената шведска тинејџерска серија Гром во моето срце е нова серија на Viaplay која топло ви ја препорачуваме за гледање на Pickbox NOW! Оваа серија за станување возрасен е пријатно изненадување на шведската нова кинематографија и дише со хумор и срце.
Опишана како драма-комедија за љубовта и идентитетот, таа се споредува со серијата Девојки на Лена Данам. Во фокусот на приказната е 22-годишната Сигрид – викана Сиге – и нејзината група пријатели. Тие се соочени со неочекуваните барања на возрасното доба додека се обидуваат да се помират со сопствениот идентитет, своите страсти и минатото. Шведскиот критичар Јаков Лундстром напиша дека “тоа е серија која со биењето на срцето го пробива патот до генерацискиот глас, каде што жалењето и крикот на радоста се вредни за слушање.“
Тинејџерските серии не ретко прикажуваат специфични животни искуства, а трогателната данска серија Еден од момците има за цел да ја истакне потребата за претставување на квир мажите. Таа ја прикажува убавината на првите вљубувања, болката од злоставувањето и притисокот од прилагодување кон традиционалната машкост. Оваа чувствителна, духовита и трогателна мини серија е совршена за секој кој се чувствува дека не се вклопува сосема.
Во фокусот на приказната е 16-годишниот Лау, кој баш и не се вклопува меѓу популарните момчиња. Тој е социјално анксиозен, несмасен, не сака фудбал и не може да се поистовети со разговорите за девојки и излегувања на пиво. Кога Лау ќе го запознае Аксел, шармантно и отворено момче од Копенхаген, почнува да сфаќа дека не постои само еден начин да бидеш фраер. Самодовербата на Аксел и неговата искрена природа го инспирираат Лау, кој почнува да развива чувства кон него. Како што растат нивните чувства, Лау мора да се соочи со она што тој всушност е, а и да научи да се прифати себеси.