Романтични филмови на кои одново им се враќаме
„Филмови или серии?“, прашање кое се поставува одново, а потоа кога немаме одговор на него, тука е Pickbox NOW го нуди и едното и другото. Иако сите понекогаш сакаат да се нурнат во креативното море на серии кое со денови нè држи во неизвесност и исчекување на следната епизода (освен ако не сте еден од оние кои можат да ја изгледаат целата сезона во еден здив), филмската вечер никогаш не е лош избор.
На Pickbox NOW можете да најдете разновидна европска продукција, како и добро познатите холивудски хитови. Насловите опфаќаат сè, од криминалистика, трилер, акција и авантура до драма, романса и комедија.
Романтичните филмови во нас ги будат емоциите кои сакаме да ги чувствуваме во реалниот живот, а ликовите посредно ни ги пренесуваат ситуациите кои тие ги доживуваат. Во таквите филмови наоѓаме докази дека вистинската љубов навистина постои, запознаваме ликови со кои се идентификуваме, сведочиме на заплеткани односи, без разлика дали се среќни или трагични. Со нив се смееме, плачеме, учиме лекции, се идентификуваме, а Pickbox NOW ви носи 9 наслови во кои ќе уживате, сами или во друштв.
Соба со поглед (A Room With a View)
Овој љубовен филм, кому секогаш вреди да му се вратиме, се издвојува по својот интелектуален поглед на емоциите, кој нè поттикнува да размислуваме за тоа како се чувствуваме, а не само како дејствуваме. Ни покажува една млада жена која планира да се омажи за погрешен маж, не поради страст, туку поради недостаток на промислување. Најчесто во филмовите срцето и мозокот стојат на две спротивни страни - сега се на иста страна.
Годината е 1795, а младата Џејн Остин е ведра 20-годишна писателка која уште тогаш го гледа светот поинаку и сонува да направи нешто што во тоа време беше речиси незамисливо - да се омажи од љубов. Љубовната приказна која ги освојува генерациите со прекрасната изведба на Ен Хатавеј, ги спојува митот и реалноста, а открива дали вљубениот млад пар со својата венчавка ќе ризикува сè што вреди - семејството, пријателите и богатството.
Мизантроп, вдовец, помпезен професор и рамнодушен татко, една кобна ноќ доживува благ потрес на мозокот и завршува кај лекарка за која излегува дека е негова поранешна студентка, а уште подобро од тоа - таа сè уште е вљубена во него иако е злобен и негативен човек. Сепак, дали среќата може да се бара под слоевите на иронијата?
Неисполнета од својот брак, носталгичната 30-годишна Еми го бара својот бивш средношколски партнер Џејсон во обид да го оживее својот здодевен живот и открива дека фокусирањето на минатото можеби ја спречува нејзината способност да го цени она што го има во сегашноста. Многу познатата тема и уште попознатото прашање „Што ако?“ нè водат на патување низ комплексностите на љубовта, бракот и депресијата, соголени до своите темели - останува само чистата емоција.
По смртта на татко ѝ, Вајолет останува само со мало шишенце од неговиот последен парфем, трет во трилогијата што треба да се испорача навреме - за Денот на вљубените. Формулата за парфемот не постои и Вајолет не знае како да ја преформулира таинствената мешавина на нејзиниот покоен татко, но помошта доаѓа од неискусен ботаничар со необично сетило за мирис. Дали во овој случај цвеќињата се чкрапалото на љубовта?
Кога списанието на Келси ја одобрува нејзината презентација за скептичниот поглед на љубовта и хороскопите, таа се здружува астролошкиот гуру Картер. Очигледно од спротивни светови, тие ги оставаат своите конкурентни перспективи настрана за да осмислат приказна во врска со локалниот фестивал на метеорски дожд, но како што животот често нè учи, судбината навистина може да биде запишана во ѕвездите, а спротивностите секако се привлекуваат.
Самото име нè упатува на многу слатка приказна која е уште послатка со тоа што е снимена во белгискиот град Бриж. За љубителите на класичната романтика и за оние на кои романтичните филмови им се најомиленото четиво, овој филм е идеален за Денот на вљубените на малите екрани со дејство кое започнува со скршено срце, но се врти во сосема различен правец.
Инфлуенсерката за храна Скарлет ја добива големата животна шанса да работи во еден од најдобрите ресторани во Њујорк, но сето тоа паѓа во втор план кога свадбата на сестра ѝ Меди почнува да се распаѓа. Враќајќи се во родниот град, таа се обидува да ги спаси работите здружувајќи ги силите со љубовта од детството (која повторно почнува да се разгорува) и, се разбира, во еден момент ќе мора да одлучи - нова работа и кариера или родниот крај и бившата љубов.
Романтичните филмови сакаат во своето дејство да вметнат големи љубови од минатото, а во овој случај тоа е ‘непријател’ од времето на растењето кој сега е голема деловна ѕверка. Дали оној за кого најмалку се надевате е всушност личноста од вашите соништа и колку можете да се борите против тоа? Ако ви е позната оваа теамтика, тогаш и овој филм е идеален избор.