Откријте ја нашата нова Smart TV апликација и уживајте во стримање!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ

Романтични комедии кои внесуваат безгрижност, опуштеност и чиста позитивност



Кој понекогаш не сака да се губи во убавината на лесните и безгрижни филмови кои во нашите животи не внесуваат ништо друго освен позитивни емоции, опуштеност и чиста забава? Токму такви се романтичните комедии. Некои ќе речат дека добра романтична комедија е како да одиме на интересен состанок - нè ослободува од секојдневните грижи и нè праќа во некоја нова димензија без голема одговорност или ризик. Иако романтичните комедии најчесто се многу предвидливи, полни со клишеа и класични карактеристики што ги носат ликовите, тие на гледачите им овозможуваат чувство на добро друштво, а се совршена комбинација на реалните приказни и холивудската магија.

Големата љубов кон таквите филмови ја препознава и Pickbox NOW кој, покрај прославените драми, трилери, акциони, култни серии или криминалистички формати, нуди и грст наслови за сите оние кои сакаат да уживаат во слатките моменти што ги нудат романтичните комедии.

Ви носиме десет од нив кои ќе ја претворат филмската вечер во нова љубовна авантура.

1. Љубов на Св. Валентин (Unexpected)

Филм кој уште еднаш ни покажува дека ситуациите и односите во животот навистина е невозможно совршено да се испланираат. Имено, професорка во средно училиште открива дека е бремена во исто време со нејзината најпримерна ученичка. Двете развиваат единствено пријателство додека се обидуваат да се справат со непланираните бремености. Се разбира, не е лесно, по патот наидуваат на многу пречки, но сепак акцентот е ставен на тема која покажува како истиот тип на околности може да обезбеди сосема различни искуства во зависност од голем број фактори. Плус - филмот дава одличен приказ на меѓучовечките односи како и односот со самиот себе, кој често и не е најлесен.







2. Кафуле за запросување (The Proposal Spot)


Сопственичка на кафуле, во која сите се вљубуваат, би можела да изгуби сè по неуспешната свршувачка на славен човек кој е одбиен од неговата девојка пред толпа луѓе и камери. Сепак, таа одлучува да му помогне одново да ја освои, но се разбира, и самата полека се љубува во него... Многу лесно и забавно дејство со крај каков што го посакувате.






3. Љубов во петта брзина (Love's Fast Lane)


Откако нејзиното видео станува вирално, приземната механика Ники ‘Спаркс’ Тарнер почнува да се вљубува во шармантниот публицист Џереми Мичел, кој настојува да ја претвори во првата женска водителка на најголемиот американски автомобилски саем. Она што го прави филмот пријатен е неговата едноставност, а лесно е да ги засакате симпатичните ликови во главните улоги.







4. Боксерот и танчарката (The Boxer and the Butterfly)


Кога една надежна танчерка ќе биде оставена од нејзиниот партнер неколку дена пред нејзиниот голем настап, таа ќе мора да научи еден боксер на некои движења за да ја освои паричната награда и да го отвори своето танцово студио од соништата. Гледаме пар кој веројатно никогаш не би го споиле во реалниот свет, но затоа тука се романтичните комедии во кои сè е можно.








5. Сите мои пријатели ме мразат (All My Friends Hate Me)


Пит е и возбуден и нервозен поради повторното обединување со екипата од факултет за викендот. Но еден по еден, неговите пријатели полека се вртат против него, додека гледачите се прашуваат дали се работи за некаква казна, дали главниот лик е параноичен или сето ова е болна шега? Филмот е одличен пример на црна комедија каде што сè е малку претерано, но така мора да биде.








6. Љубов покрај реката (Riverfront Romance)


По долгогодишно штедење, писателката Кара Дурант конечно ја купува својата куќа од соништата на брегот на реката во својот роден град, само за да открие дека веднаш до неа се гради хидроцентрала, а работите ги предводи згодниот Рајли Еванс. Гледате каде води сето ова. Отпрвин спротивставената двојка ќе се обиде да најде заеднички јазик, но дали ќе успеат во тоа?








7. Желба за свадба (The Wedding Wish)


Романтичарка во душа го договара датумот за својата свадба без оглед на тоа што сè уште е слободна. Додека се впушта во потрага по свршеник, таа не е ни свесна дека вистинската љубов е буквално пред нејзиниот нос. Чиста забава на малите екрани и многу симпатична актерска екипа за прекрасна филмска вечер.








8. Канцеларија на аголот (Corner Office)


Орсон е корпоративен работник кој се обидува да напредува на новото работно место, но сè добива неочекуван пресврт кога тој открива тајна соба во неговата безживотна деловна зграда што му прави проблеми со неговите нови колеги. Уште една форма на мрачна комедија, многу необичен филм со кој веројатно многумина ќе се поистоветат (иако на почетокот не би го кажале тоа).








9. Скапоцена љубов (One of a Kind Love)


Поради напорната работа во еден клуб, Кајра го занемарила својот сон за изработка на накит. Кога во градот се ослободува еден локал, Кајра ја гледа шансата за остварување на своите сништа. Но, набргу дознава дека постои уште еден заинтересиран купувач – Ејден Соер, нејзиниот ривал од детството. Оваа романтична комедија ќе открие дека помеѓу главните јунаци постои нешто повеќе од ривалство.








10. Повеќекратни сарказми (Multiple Sarcasms)


Габриел Ричмонд е семеен човек со многу добро платена работа како архитект. Сепак, тој одлучува да ја напушти за да напише театарска драма за неговиот живот, иако неговиот брак е во сè полоша состојба. Во еден момент, неговиот живот целосно се распаѓа. Се работи за приказна во која мажот на површината има сè што може да посака – одлична работа, прекрасна сопруга и посветена ќерка, но сепак не е среќен...






Вчитување...