Откријте ја нашата нова Smart TV апликација и уживајте во стримање!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ

Стари британски серии кои одново можеме да ги гледаме


Кога немаме инспирација и кога не знаеме кон која нова содржина да се насочиме, тука се старите британски серии кои можеме одново да ги гледаме.


Славената култура на Обединетото Кралство во себе носи богата историска оставина која овозможува непресушни извори на материјали кои се лесно преносливи на малите и големите екрани и преку кои гледачите со леснотија ќе влезат во секоја пора на ликовите и општеството воопшто. Помеѓу другото, поради тоа настанаа сите тие сакани стари британски серии кои одново можеме да ги гледаме, без оглед на нивната година на создавање.


Почнувајќи од сега веќе легендарните романи на Агата Кристи или вечниот Шерлок Холмс и неговиот креатор Сер Артур Конан Дојл, чија оставина имаше големо влијание на модерното раскажување, нешто што е посебно во следењето на британската продукција, со посебен акцент на криминалистиката и секогаш заплетканиот живот на инспекторите во мистериозните и испреплетени чекорења кон целта.


Комбинацијата на култната класика, британскиот жаргон и здивот на некое друго време се плодна почва за сите љубители на квалитетната уметност којашто ја препозна и Pickbox NOW, извор на безвремени класици. Старите британски серии кои можеме одново да ги гледаме се категорија којашто не изумира, а ние ви носиме некои од насловите со кои повторно ќе запловите по брановите на мистериите.

1. Убиствата во Мидсомер (Midsomer Murders)

Ова познато име и хит серија снимена според детективските романи на Керолин Греам има свои обожаватели ширум светот. Дејството се фокусира на случаи на различни убиства кои се случуваат во малите, слески места во измислениот округ Мидсомер, како и на напорите на полицискиот детектив Барнаби да ги разоткрие утврдувајќи го виновникот и мотивите за неговите постапки.

Совршената мешавина на црн хумор, каприциозност, неусогласеноста на насилството и мирното рурално опкружување, добрата мистерија и погледот на тоа како некогаш изгледала Велика Британија, ја прави оваа серија вечна класика која и денес создава нови гледачи, привлекувајќи ги со живописната палета на своите квалитети.







2. Инспектор Морз (Inspector Morse)


Една од најуспешните британски криминалистички серии засновани на романите на Колин Декстер, а ги следи случаите кои ги истражува детективот и инспектор Ендевор Морз заедно со својот партнер Роберт Луис. Главниот лик не е вообичаениот херој на гледачите.

Тој е осамен, лут, вообразен, арогантен, но особено интелигентен. Ужива во музиката на Моцарт и Вагнер, чита поезија, расправа за филозофијата, обожава крстозбори и алкохол, но и ретко го прифаќа различното мислење од своето. Серијата ја заинтригира публиката со своите комплексни заплети, одлични изведби, како и одличната музика и продукција, а актерот Џон То како главниот херој со својот култен црвен јагуар ја остварува улогата на животот.







3. Фростовиот пристап (A Touch of Frost)


Британската криминалистичка мистична серија ја следи работата на искусниот и посветен детектив, Вилијам Едвард „Џек“ Фрост, кој често се судира со своите претпоставени. Во неговите случаи често му помагаат разни други наредници или полицајци од кои секој носи различен акцент на одреден случај. Посебната и донекаде хумористична атмосфера е поттикната и од интеракцијата на Фрост со бирократски настроениот началник Норман Малет.

Во епизодите несомнено ќе ужива секој кој е обожавател на мистерии кои дополнително ги зачинува главниот лик со неговата упорност и проникливост, како и со недостатокот на емпатија и чувства, поради што често дава впечаток на мизантроп. Незаборавниот лик, вооружен со сув хумор и остар сарказам, ги истражува случаите на сопствен неортодоксен начин.








4. Поаро (Agatha Christie's Poirot)


Секако, овој список не може да помине без легендарниот Поаро. Славниот детектив на писателката Агата Кристи носи епизоди преполни со интригантни мистерии, воодушевувачко раскажување, одлична продукција и незаборавни изведби. Додека некои детективи пребаруваат по подот во потрага по траги, Херкул Поаро ја користи психологијата и своето сеопфатно познавање на човековата природа за да ги најде криминалците.

Атмосфера и естетиката на некои други, минати времиња, прекрасна сценографија и мустаќите на Поаро. Многумина ќе кажат дека токму оваа серија е најдобро издание на британската телевизија, а иако со постар датум, и понатаму го чува својот легендарен статус токму поради стекнатата репутација која и натаму се цени и сигурно засекогаш ќе биде запомнета.











Вчитување...