Европски серии за кои не сте чуле, а би требал
Скриени скапоцени камења: 9 европски серии кои (можеби) не сте чуле, а ќе ве воодушеват
Европските серии се вистински скриени скапоцени камења – тие дишат со комплексност, атмосферични филмски кадри, специфични ликови и европски квалитет. Затоа е вистинско време да ги истражите овие добро чувани тајни, зашто благодарејќи им на стриминг сервисите, сега имаме вистинска можност да гледаме добра содржина, која не доаѓа нужно од холивудските студија.
Насловите како шпанско-француската шпионска серија Биро е прогласена за најдобра шпионска серија на 21-0т век, или пак данската хумористична серија Викај ме тато која ја напиша Алекс Хог Андерсен, актерот по улогата на Ивар Без Коски од Викинзи, ќе ги воодушеват љубителите на квалитетната продукција. Сите овие европски серии се наоѓаат на стриминг сервисот Pickbox NOW, а еве што сè треба да знаете за топ 10 за кои можеби не сте чуле, а ќе ве воодушеват!
Еден од момците (One of the Boys) – Трогателна и духовита данска серија за растењето
Оваа прекрасна нова серија е приказна за растење сместена во мал дански провинциски град. Серијата се врти околу 16-годишното момче Лау, кое баш и не се вклопува меѓу популарните момчиња. Тој е социјално анксиозен, несмасен, не сака фудбал и не може да се поистовети со разговорите за девојки и излегувања на пиво.
Кога Лау ќе го запознае Аксел, шармантно и отворено момче од Копенхаген, почнува да сфаќа дека не постои само еден начин да бидеш фраер. Режисерот на серијата Теис Шукани кажа дека Еден од момците има за цел да ја истакне потребата за претставување на квир мажите и да ја прикаже убавината на првата љубов, болката на злоставувањето и притисокот од прилагодување кон традиционалната машкост. Оваа чувствителна, духовита и трогателна серија е совршена за секој кој се чувствува дека не се вклопува сосема.
Мрачната норвешка мини серија се опишува како остро набљудувана сатира за премногу блиската иднина во којашто дроновите ги шетаат кучињата, а престојот на јавен простор мора да се плати. Оваа црна комедија е идеална за сите љубители на квалитетни европски серии. Во фокусот на приказната е младата архитектка Јули која живее и работи во Осло, но и покрај тоа што има работа, едвај спојува крај со крај. Кога проектот за изградба на илјада станови во Осло е објавен на конкурс, Јули има идеја: зошто да не ги претвори празните подземни паркиралишта во станбени згради?
Напнатиот норвешки трилер е сместен во негостољубивиот пејзаж на северна Норвешка во пограничната област со Русија, каде што Студената војна никогаш не завршила. Едно девојче исчезнува откако во реката зад куќата наоѓа отсечена рака. Неочекувано, војската одбива да учествува во потрагата. Но неодамна вратениот полицаец Томас Салмон мрази лаги и тајни одбива да ги напушти работите и покрај предупредувањата. Додека почнува да го истражува исчезнувањето на девојчето, буди опасни сили кои долго време биле заспани.
Интензивната и атмосферична драмска крими серија Фенрис: Големиот волк се врти околу исчезнувањето на едно дете од мал норвешки град кој се наоѓа на границата со Шведска, и познат е по тоа што во него живеат волци. Кога момчето ќе исчезне, веднаш почнуваат гласините дека за тоа се одговорни волците.
Биологот Ема Саломонсен (Ида Елисе Брох), која е таму во посета, ја открива крвавата јакна на момчето во куќата на својот татко Мариус (Магнус Крепер: ‘Кралица на срцето’), контроверзен истражувач на волци – а кога и Мариус ќе исчезне, Ема е присилена да се потпре на своите инстинкти и разбирање на волците за да ја открие мрачната вистина.
29-годишниот дански актер Алекс Хог Андерсон се катапултираше до меѓународната слава со својата улога на Ивар Без Коски во долгогодишната хит серија Викинзи. Сега Андерсен доаѓа со данската хумористично-драмска серија Викај ме тато, која ја напиша, ја продуцираше и ја игра главната улога. Засновано на идејата на вистинските пријатели Андерсен и Хогард, дејството се врти околу долгогодишните пријатели Емил и Виктор. Кога ќе излезе дека Виктор е во врска со мајката на Емил, сцената е поставена за необично семејно соочување!
Извонредната француска шпионска серија Биро, со висока оценка на IMDB од 8,7, критичарите ја споредуваат со серијата Нарко-мрежа (The Wire), истакнувајќи дека она што Нарко-мрежа го направи за полициските серии, француската серија Биро го прави за шпионските серии на 21-от век. “Ле Фигаро“ ја прогласи за најдобра француска серија на сите времиња, а “Њујорк Тајмс“ ја стави на третото место на најдобрите интернационални серија во последната деценија.
Дејството се врти околу францускиот разузнавач Малотру, ценет и талентиран шпион, кој по шестгодишна тајна мисија во Сирија се враќа во Париз. Се обидува да го заборави својот таен идентитет, да обучи млад регрут за тајни задачи, како и да го истражи случајот на агент кој исчезнал во Алжир. Сексот и заведувањето се класични елементи на шпионската работа, но Малотру за време на престојот во Сирија развил вистински чувства кон Надија, убава, но омажена професорка по историја. Кога ќе дознае дека Надија е во Париз, го прекршува протоколот и го оживува својот таен идентитет за да се најде со неа – и тука работите тргнуваат наопаку!
Наметната со рувото на норвешките пејзажи и ловејќи го озлогласениот сериски убиец, Вистинг е вистински криминалистички деликатес. Дејството се заснова на две книги на Лиер Хорст, Пештерски човек и Ловечки кучиња. Приказната го следи детективот на ФБИ, со седиште во Њујорк, по име главен инспектор Вилијам Вистинг.
Тој е во потрага по озлогласениот сериски убиец. Откако меѓу смреките на фармата е најдено тело, Вистинг открива дека се работи за нова жртва на серискиот убиец од Америка. Наскоро самиот Вистинг се наоѓа под сомнеж кога поединости од еден стар случај почнуваат да го прогонуваат, а ќерка му, новинарка, ја следи приказната која ќе ја одведе на патот на убиецот. Вистинг соработува со бившата специјална агентка на ФБИ Меги Грифин која ја игра одличната Кери-Ен Мос (Матрикс).
Извонредната шведска крими серија Поддржувач е прогласена за најдобра ТВ серија на престижниот фестивал Canneseries. Режисерот на овој мистериозен трилер, Амир Чамдин, кажа дека сакал да направи серија чие дејство се одвива во едно прекрасно шведско село, а истовремено има мрачно дејство. Оваа сканди серија има малку бизарна приказна, имено, се работи за затворена заедница која води сопствена органска фарма во околината на идиличниот Јорднар.
Го следиме Џони, мистериозен човек кој прифатил работа како возач на камион за заедницата и кој по доаѓањето се запознава со неконвенционалните правила и рутината на жителите. Кога Џони ги запознава Никол и Марија, вдомени деца кои летуваат таму, почнува да се сомнева дека таму се случува трговија со луѓе. Колку повеќе расте неговата грижа за девојките, толку повеќе го пренасочуваат на работата. Но кој всушност е Џони кој е неговиот вистински план?
Фалена, провокативна, налудничава и вистинита сканди серија за супербогатиот свет на елитните Норвежани! Третата сезона веќе оствари успеси постигнувајќи голема гледаност, со 4 милиони гледачи само во нордиските земји. И не само тоа, оваа нордиска серија успеа во тоа да ја сакаат сите – без оглед на полото, годините или тоа во која земја живеат.
Освен големиот број гледачи, серијата ја фалат и младите нордиски филмски работници, кои ја прогласија Излез за “најомилена серија“. Алчноста, сексот и дисфункционалноста се одлики на Излез, а креаторот на серијата Карлсен рече дека “последната сезона е кулминација на животот кој ликовите го живееле досега.“ Отсекогаш живееле на начин што туркале сè до крајните граници, меѓутоа, овој пат ја преминале границата. Затворањето на сезоната Карлсен го опишува како “некој вид деструктивна и декадентна забава“.