Откријте ја нашата нова Smart TV апликација и уживајте во стримање!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ

Британски крими серии кои заслужуваат култен статус


Ви носиме пет британски крими серии кои го оправдуваат својот култен статус и титулата на врвна продукција. Британската телевизија, препознатлива по својот хумор, историските приказни, неочекуваните пресврти и големите љубови, низ годините создаде ликови и приказни познати низ целиот свет.


Посебно место во срцата на критичарите и на публиката имаат британските крими серии кои не само што донесуваат напнатост и возбуда, туку и воодушевуваат со своите комплексни ликови и интригантни заплети. Таквите наслови имаат неверојатно влијание врз гледачите, при што ги ставаат и во улогата на детективот што го гледаат во средиштето на приказната.Откријте ги сериите кои ги паметиме по добро развиената тематика, одличната продукција, прекрасните локации за снимање и талентираната филмска екипа зад и пред камерите.

1. Големиот грабеж на воз (The Great Train Robbery)

Од фалениот писател на хит серијата „Broadchurch“ доаѓа дводелната приказна која ги опишува вистинските настани за големиот грабеж на воз во 1963 година - прво од перспектива на ограбувачите, а потоа и од перспектива на полицијата која се занимавала со случајот. На тој осми август, банда од 15 професионални криминалци на чело со Брус Рејнолдс во раните утрински часови го запре возот на Британската кралска пошта и од него украде 2,61 милиони фунти (денес тие пари би вределе околу 69 милиони фунти).

Целиот грабеж, поради прецизното извршување, совршеното планирање, спектакуларноста, но и износот на украдени пари, стана сензација не само во британската, туку и во светската јавност. Овој грабеж често се нарекува злосторство на векот. Серијата сигурно ќе ја засакаат сите љубители на вистинскиот криминал (true crime), но и љубителите на историјата и на човечката снаодливост.







2. Наследство (The Inheritance)


По неочекуваната смрт на татко им, тројца браќа и сестри тргнуваат на опасно патување за да откријат дали неговата смрт била навистина трагична несреќа или има нешто повеќе зад неа. Тајните експлодираат, врските се кршат и животите се губат додека браќата и сестрите очајно се обидуваат да го вратат своето наследство. Дали крвната врска е навистина толку силна?

Се работи за приказна во која тагата поради загубата на родител брзо е засенета од гнев, збунетост и сомнеж по ненадејната промена на тестаментот. Заплетканите семејни односи отсекогаш биле одлична основа за создавање мистериозни и замрсени приказни, а ова е дефинитивно една од нив.







3. Триаголник на смртта (The Vanishing Triangle)


Откако новинарката Лиза Волас објавува напис за убиството на мајка ѝ, нејзиниот убиец повторно се појавува, навестувајќи киднапирање. Лиза и детективот Дејвид Баркли започнуваат истрага, поврзувајќи го убиецот со исчезнувањето на жената по име Ејми Рејнолдс.

Станува збор за драматизација на вистинските приказни за „Ирскиот триаголник на исчезнување“, настани кои датираат од деведесеттите години во минатиот век кога во Ирска исчезнаа шест жени и никогаш не беа најдени. Иако случаите и натаму остануваат нерешени, тие споделуваат некои заеднички карактеристики за кои се верува дека се дело на сериски убиец или убијци кои тогаш биле активни во областа на „триаголникот“. Тоа ќе ве поттикне на натамошно истражување на мистичните и застрашувачки случаи кои сè уште не го добиле својот завршеток...








4. Шетланд (Shetland)


Осум сезони на една од најдобрите британски детективски серии инспирирани од романите на Ен Кливс. Крими драмата го следи легендарниот Џими Перез, но и други интригантни инспектори кои се подготвени да му “влезат во чевлите“ во решавањето на злокобните мистерии на Шетланд, остров полн со тешки меѓучовечки односи и уште потешки злосторства.

Го отсликува реалниот живот таков каков што е, со автентичниот шкотски пејзаж, неговиот дијалект, неочекуваните ситуации, а и како што многумина знаат да нагласат - глумата во серијата е одлична.








5. Случајот на подморницата Виџил (Vigil)


Кога еден член на екипажот е најден мртов на нуклеарната подморница ХМС Виџил, шкотската полиција е повикана да изврши истрага. Главната инспекторка Ејми Силва мора да влезе во подморницата за да истражи, а иако смртта е опишана како случајно предозирање, Ејми сепак се сомнева.

Се работи за шпионски трилер во кој најголем дел од дејството се одвива во подморница, содржи голема доза на неизвесност со добра актерска постава и изведба, а носи и идеална приказна која се заснова на лични односи, но и на односите кои можат да се набљудуваат на глобално ниво.











Вчитување...