Австралиски серии – хитови кои често паѓаат во втор план, а се одлични
Кога сакате да се пробате во нешто поразличната, а и натаму особено квалитетна продукција, изберете ги австралиските серии.
При избирањето на нови телевизиски содржини, најчесто се вртиме кон популарната американска продукција, британската класика, или кон нам блиското европско творештво. Често го забораваме она што доаѓа од четвртата страна, во овој случај од, сè уште, доста непознатата ризница во којашто се наоѓаат австралиските серии и филмови.
Иако можеме да чуеме дека Австралија и не е баш позната по својата седма уметност, под површина всушност е преполна со телевизиски скапоцени камења. Добри комедии, криминалистички мистерии, но и трогателни и мрачни приказни. Ако сте подготвени да се пробате во нешто поразличната продукција и да се нурнете подлабоко од добро познатите класици, ви носиме неколку австралиски серии со кои ќе можете да го започнете вашето патување. Секако, каде на друго место освен на Pickbox NOW кој нуди одличен избор за сечиј вкус.
Серија којашто на специфичен и доста искрен начин ги прикажува емоционално вознемирувачките ситуации. Приказната ја следи автодеструктивната Вивијан која открива дека имотот на гребенот што го наследила од дедо ѝ всушност е место на многу самоубиства, поради што воедно ја наследува и задачата да стане негова чуварка и да ги спасува изгубените души на работ.
Обмислена, силна тематика која ги прикажува семејството и пријателите со сите нивни несовршености на својот пат да бидат сакани и да станат целосни. Дејството ги спротивставува напнатите елементи со комичните, актерската постава е одлична, а сите ликови на некои начин се скршени и загубени. Сепак, до крајот секој од нив го прави својот круг целосен.
2. Наопаку (Upright)
Два неприлагодени лика, случајно споени среде австралиската пустина, остваруваат врски во потрага по превоз на скапоценото пијано од еден крај на земјата до друг. Дејството богато со жесток црн хумор и остриот реализам на човекот кој се бори на најниската точка на својот живот остава трага на секој што ќе ја погледне.
Серијата е многу сирова, интелигентна, уметнички настроена, имагинативна, трогателна и реална. Режијата и камерата исто така одработуваат одлична работа донесувајќи ја автентичноста на австралиската дивина преку боите и живописноста. Суптилно допира важни работи во животот без премногу предавања, а успехот на оваа серија лежи во фактот дека не го чекате она што следи – штотуку сте таму, во моментот, и го доживувате сето тоа со Мег и Лаки.
3. Состанок на слепо (One Night)
Австралиските серии не можат да поминат без One Night. Ова е приказна за три жени чија врска е скоро уништена поради трауматичните настани една дамнешна ноќ. Сега, дваесет години подоцна, дебитантскиот роман на Симон доживува неочекуван успех, но набрзо станува очигледно дека уништувачката приказна од книгата не ѝ припаѓа исклучиво нејзе...
Многу интригантен вовед на многу интригантната серија која зборува за опасностите на живеење во женско тело. Актерките завршија одлична работа портретирајќи ги своите улоги кои се занимаваат со прашањата на компликуваните женски пријателства, перцепција во текот на времето и, секако, проблемот на сексуално злоставување и неговото влијание на животот на единката. Сите ликови се исклучително комплексни, баш како што се и во реалниот живот, а секој од нив се обидува да го најде својот пат после трауматичната ноќ која им ја одзела нивната младешка отвореност и животна радост.
4. Северен брег (North Shore)
Сигурно прв избор за љубителите на британската криминалистика. Се работи за серија којашто ги спојува австралискиот и британскиот тим на детективи кои се здружуваат за да истражат едно убиство и притоа да откријат меѓународна завера со политички последици покрај судирот на културите.
Одлична актерска постава со многу задоволувачки завршеток и неочекуван пресврт. Серијата секако ќе го окупира вниманието на гледачите, а иако мистеријата на убиство е во средиштето на дејството, некога изгледа како заднина за истражување на компликуваните бракови кои се распаѓаат на малку различни начини. Одлична приказна со многу различни карактери и нивните односи кои се развиваат со, секако, политичка заднина.
5. Сакај ме (Love Me)
Кога Кристина Метисон неочекувано ќе почине ноќта на прославата на 40-годишнината од бракот, нејзиниот сопруг Глен, ќерката Клара и синот Арон ќе се најдат на емоционален крстопат. Додека се справуваат со сопствената тага, семејните односи и новите врски во текот на следните неколку недели, присилени се неволно да сфатат дека љубовта може да се појави во најнезгоден момент.
Одлична изведба на актерите кои во приказната совршено внесуваат и комедија и тага. Дејството е многу реалистично и успева да допре до чувствата кои веројатно секој од нас би ги преживеал во слични ситуации.